Косово: Покрената истрага за смртта на шестмина заболени од Ковид-19

Приштина, 6 јули 2020 (МИА) – Косовската полиција информира денеска дека е започната истрага за смртта на шест лица заболени од Ковид-19, кои починаа во раните утрински часови во неделата во Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на полицијата се наведува дека сите починати се косовски државјани и дека телата се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина.

Со оглед дека сите шестмина починаа вчера во мошне краток период, во медиумите и во јавноста се појавија шпекулации дека причина за смртта е можен дефект на апартите за оксигенотерапија.

Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај по тој повод порача да не се создава конфузија, затоа што лекарите одговорно си ја вршат својата работа.

Тој побара со случајот да се занимаваат експертите, а не истиот да се користи за политички цели.

– Претходните извештаи укажуваат дека лекарите си ја вршат работата чесно, а за техничките прашања да им оставиме да се изјаснат експертите. Секое сомневање треба да се разјасни и да не создаваме конфузија, со оглед дека порастот на бројката на заразени и лошиот биланс на починати за жал се користии за политичка борба, изјави Земај, оценувајќи дека ситуацијата не се развива поразлично одошто во минатите недели.

Минатиот викенд во Косово починаа вкупно 14 заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви на новиот коронавирус се искачи на 74. Активни носители на вирусот, според последниот официјален извештај, се 1.532 лица.

Поради зголемениот број на заразени и починати последниве денови, косовските власти вчера донесоа нови мерки, меѓу кои враќање на забраната за движење од 21 до 5 часот во Приштина, Урошевац, Призрен и Вучитрн, како и затворање на угостителските објекти, кои ќе можат да работат само со тејкавеј. иа/гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...