Амбасадорот на Израел во Србија: Го признавме Косово на 4 септември

Новиот амбасадор на Израел во Србија, Јахел Вилан, денеска изјави дека не може да има прашање за тоа дали Израел ќе го признае Косово или не, бидејќи, како што рече тој за Н1, Израел го призна Косово на 4 септември.



На тој датум во Белата куќа беа потпишани договори во две варијанти, а само во документот потпишан од Приштина стои признавањето на независноста на Косово од Израел, бидејќи Белград не сакаше да се согласи со тоа, но не можеше да ја спречи суверената одлука на Израел.

Израелскиот амбасадор уште еднаш го повтори тоа, нагласувајќи дека на инаугуративната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ разговарал за подобрување на односите меѓу двете земји, а на прашањето како Вучиќ го коментирал израелското признавање на Косово, Вилан изјавил дека тоа не е нешто од што е задоволен Вучиќ и не поддржува такво нешто.

– Но, Израел е суверена држава и тоа е наша одлука. Договорот беше потпишан, и тоа не е нешто што јас или Вучиќ ќе го смениме. Треба да работиме на подобрување на односите и да не се занимаваме премногу со нешто што беше направено пред две и пол недели во Вашингтон, рече израелскиот амбасадор.

– Сега треба да видиме како да не дозволиме тоа да влијае на односите меѓу Србија и Израел, рече Вилан за телевизијата Н1.

На 16 септември, веднаш по предавањето на акредитивните писма на претседателот Вучиќ, тој во изјава за Танјуг рече дека Израел сè уште технички не го признал Косово, но посочи дека тоа е дел од неодамна постигнатиот договор во Вашингтон:

– Што се однесува до Косово, имаме изјава од израелскиот премиер за меѓусебно признавање на Израел и Косово. Досега, не презедовме дополнителни чекори на терен, но тоа е дел од договорот потпишан во Вашингтон, рече тогаш Вилан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...