Мицотакис: Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божик со отворени цркви

Оптимизам дека почитувањето на здравствените правила и подобрувањето на епидемиолошката слика во земјата ќе дозволат прослава на Божик во поинаква средина, му изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис го известил поглаварот на ГПЦ за текот на епидемијата и за преземените мерки.

– Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божик со отворени цркви, истакнал Мицотакис,

– Сите имаме одговорност, со нашиот став да ги заштитиме луѓето и јавното здравје, за да можеме да го славиме Божик во нашите храмови, додал архиепископот.

Според медиумите во Грција, Светиот Синод на Грчката православна црква минатата седмица испратила писмо до Мицотакис, потпишано од архиепископот Јеронимос, во кое, меѓу другото се бара црквите да бидат отворени за божиќните празници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...