Захариева: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија да наликуваат на оние на Шпанија со Латинска Америка

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева денеска во интервју за Ефе изјави дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија се додека не се стави крај на „говорот на омраза кон се што е бугарско“, јави БГНЕС.



Според Захариева односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка.

-Проблемот со историјата е што погрешните и лажни интерпретации на настаните, луѓето и случувањата имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава јазик на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно недозволиво за нас, вели таа.

Захариева со обвинување до македонската политичка елита дека „ги минале изминатите 30 години од независноста од Југославија за да го стимулираат и толерираат тој јазик на омраза, нешто што во крајна смисла влијаеше на обичните граѓани во земјата“.

-Бугарија никогаш не го одрекнувала правото на постоење на македонската држава, нејзиниот суверенитет и желбата да го нарекуваат јазикот, како што сакаат. Но сето тоа не треба да се случува со помош на лаги и со одрекување за тоа како е создадена нацијата, додаде Захариева.

Таа како пример ја наведува Латинска Америка. – Фактот дека Аргентинците и Чилеанците говорат на шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека тие имале заедничка историја до еден момент не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив тоа ги зближува, смета Захариева.

Додаде дека како што Шпанија е најголемиот поддржувач на тоа ЕУ да има поблиски односи со земјите од Латинска Америка, така и Бугарија била првата држава, која ја признала независноста на Македонија во 1991 година и го поставила прашањето за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, за време на бугарското претседателство во 2018 година.

Таа повторно со критика дека македонската страна не го почитува Договорот за добрососедство. Според неа од влезот на земјава во НАТО, е забележано забавување на во сите области на соработка, од економијата, до инфраструктурата, образованието.

Захариева рече и дека Бугарија стравува од македонските територијални претензии и тврдењата дека во Бугарија има македонски малцинство, што го изедначи со иредентизам.

На прашањето дали европските партнери имаат разбирање на бугарската позиција, Захариева рече дека и Грција во минатото не била разбрана.

Додаде дека бугарската позиција е во преговарачката рамка за Северна Македонија да бидат вклучени три посебни точки: формулација за официјалниот јазик на Северна Македонија, патоказ за реализирање на Договорот од 2017 година и откажување од страна на Скопје од претензиите за постоење на македонско малцинство во Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...