Поранешен грчки министер пронајден мртов во близина на островот Евија

Поранешниот грчки министер од редовите на ПАСОК Сифис Валиракис , синоќа беше пронајден мртов во морскиот дел во близина на островот Евија, откако претходно со неговиот мал чамец излегол да плови и му се изгубила трагата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми веројатно станува збор за несреќен случај, откако 77-годишниот Валиракис од непознати причини се лизнал и паднал од чамецот.

Грчката Крајбрежна служба соопшти дека во попладневните часови била известена за исчезнато лице, по што со девет чамци и бродови, еден хеликоптер, двајца нуркачи, два волонтерски тима, но и патролни возила на копно, започнала спасувачката акција.

Прво бил пронајден чамецот, а подоцна и безживотното тело на поранешниот министер. Медиумите во Грција објавија дека во моментите кога бил пронајден чамецот, моторот работел, во малиот чамец имало опрема за подводен лов, додека пак телото било пронајдено една милја подалеку.

Телото е испратено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Валиракис беше еден од основачите на ПАСОК, во 1977 година беше прв пат избран за пратеник, а во периодот од 1981 година до 1996 година беше министер и заменик-министер во неколку министерства.

За време на диктатурата во Грција, два пати бил осуден на затворска казна поради неговите активности и дејства против хунтата и два пати успеал да побегне.

Вториот пат, побегнал од затворот на островот Крф и успеал, пливајќи да стигне до Албанија, каде што повторно бил уапсен, но ослободен по меѓународни интервенции и по иницијатива на Андреас Папандреу со кој заедно биле во Грчкото ослободително движење за отпор против диктатурата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...