Ципрас: Мицотакис ја искористи политичката цена на Договорот од Преспа

Грчкиот премиер Киррајкос Мицотакис успеа да ја искористи политичката цена на Договорот од Преспа и протагонистичката улога на поранешниот премиер Андонис Самарас на протестите со „антички шлемови“ за да биде избран за претседател на Владата, пишува лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во неговата колумна за информативниот портал „Њуз247“.

– Но, денес, повикан е да управува со противречноста меѓу неговиот неодговорен став кога беше во опозиција и потребата да му служи на интересот на земјата. Претходното приклучување кон радикалните и квазипатриотски позиции на Самарас, денес го прават премиер под заложништво на Самарас, оценува Ципрас,

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас додава дека Мицотакис, иако го почитува Договорот од Преспа, „што некогаш го нарекуваше национален пораз што веќе е поништен во свеста на народот“ и води битка за интеграција на соседната земја во ЕУ, сега е принуден, „да игра на доцнење и да го избегнува гласањето во Парламентот на трите Меморандуми за соработка што произлегуваат од договорот“.

– Така, ја изложува земјата на меѓународно ниво. И истовремено ги поткопува нашите национални интереси, бидејќи трите Меморандуми се од наша корист, пишвуа Ципрас и додава дека ваквите позиции не даваат јасна слика за намерите на Владата во односите со Турција.

По изнесените ставови на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас во интервјуто за „Катимерини“, Ципрас во колумната под наслов „Национална одговорност“ пишува за потребата да постои национална стратегија во грчко- турските односи, за она што е национално корисно, а како пример го споменува Договорот од Преспа и донесените одлуки додека беше премиер, но и открива детали за средбата со тогашниот лидер на опозицијата, а сега претседател на грчката Влада, Кирјакос Мицотакис.

Колумната ја започнува навраќајќи се на јануари 2018 година „кога почнуваа големите и тешки преговори“ за спорот со името и кога по враќањето од Давос, побара средба со тогашните лидери на партиите за да ги извести за „повеќечасовната средба со Зоран Заев на која се отвори патот за решавање на една тешка дипломатска равенка“.

– Господинот Мицотакис, тогаш лидер на опозицијата, веќе ги имаше донесено неговите одлуки. Немаше да даде никаква поддршка во напорите за решавање. Но, разговорите, иако траеја кусо, беа зрели и искрени. Се сеќавам, во еден момент, ме праша дали, со оглед на неговото негирање да даде согласност во обидите за изнаоѓање достојно решение со северниот сосед, би продолжил понатаму. Му одговорив, покажувајќи кон премиерското биро на нашата лева страна, дека оној кој седи на тој стол мора да го направи она што го смета за национално корисно, а не она што го одредува неговиот политички и партиски интерес, пишува Ципрас.

Тој додава дека средбата траела кратко, а веднаш потоа започна долг циклус што траеше цела година, со, како што пишува, најважните моменти на 12 јуни 2018 година кога беше потпишан Договорот од Преспа и 25 јануари 2019 година кога беше ратификуван во Парламентот, „и покрај неверојатниот притисок од протестите, но и нападите и заканите и покрај фактот што владината коалиција ја напушти помалата коалициона партија“.

За грчко-турските односи и изнесените ставови на Самарас за конкретната тема, Ципрас пишува дека поранешниот грчки премиер од редовите на Нова демократија „ја оспорува цврстата национална позиција за прелиминарни контакти и тужба до Меѓународниот суд во Хаг“, а земјата е „без компас, без стратегија и без црвени линии“ во разговорите со Турција.

Лидерот на СИРИЗА коментира дека „надворешната политика на земјата е нешто многу поважно од интригите и балансот во внатрепартиската игра на Нова демократија“ и додава дека сега, понеопходно од било кога е да се одреди национална стратегија.

Вели дека Мицотакис треба да одлучи дали ќе го стори она што е „национално корисно или партиски неопходно“.

– Седи на премиерската фотелја во критични национални моменти, како јас во 2015 и 2018 година. Ќе го стори она што е национално корисно или партиски неопходно? Јас и во двете критични околности, јас свесно го одбрав национално корисното. Мора и тој, па дури и сега, да го стори истото. Во спротивно, нема да одговара пред господинот Самарас туку пред историјата, пишува Ципрас на крајот од неговата колумна за информативниот портал „Њуз247“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...