Атина во строг карантин до крајот на месецов

Од шест часот утрово стапија во сила новите рестрикции во областа Атика, поширокиот регион на Атина, односно се воведува 17-дневен строг карантин, што завчера во видео порака до граѓаните го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.



Бизнисите и услугите што претходно беа отворени, како што се продавниците, фризерските и козметичките салони, берберниците, од денеска целосно затворени и се укинува услугата „click away“.

Учениците во Атина, како од основните, така и од средните училишта се враќаат на онлајн настава, а затворени ќе бидат и градинките.

Полициски час и понатаму е во сила од 21 часот од понеделник до петок и од 18 часот за време на викендите, движењето на граѓаните, како и во изминатите три месеци, е само по претходно испратена смс порака.

Литургиите во црквите ќе бидат без присуство на верници, а за свадби, погреби и крштенки, дозволени се најмногу девет лица .

Угостителските објекти, кои се целосно затворени веќе три месеци, како и досега ќе можат да работата со достава и со услугата „take away“

Отворени ќе бидат само супермаркетите, продавниците за храна, аптеките, продавниците за домашни миленичиња, бензинските станици, центрите за техничка контрола на возила, како и сервисите за возила. Исклучок има за цвеќарниците, кои ќе бидат работат следниот викенд на 13 и 14 февруари.

Во државниот сектор за 50 отсто од вработените, задолжителна е работа од дома, додека пак за приватниот сектор, задолжителна е работата од дома за колку е можно повеќе вработени.

Јавниот превоз во Атина ќе функционира со 65 отсто од капацитетот, а бродовите со 50 или 55 проценти во зависност од видот. Во автомобилите и такси возилата дозволени се најмногу две лица.

Од денеска, па се до 28 февруари, до кога се во сила рестикциите, ќе бидат засилени контролите за почитување на мерките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...