Ѓукановиќ: Владата нема капацитет да ги решава проблемите во Црна Гора

Сегашната влада покажува недостаток на капацитет за решавање на проблемите со кои секојдневно се соочува Црна Гора, изјави денеска претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ.



Тој на седницата на Главниот одбор на партијата, одржана вчера, кажа дека и претходната година ја покажала силата на ДПС и нејзината решеност, и од позиција на опозиција, да ги брани постигнатите достигнувања, но и визијата за развој.

Зборувајќи за актуелната политичка ситуација, Ѓукановиќ изјави дека актуелната влада е на самиот крај, и дека тоа им е јасно и на најповршно запознатите со политичкиот живот на Црна Гора.

Тој, како што соопштија од ДПС, изјави дека Владата со секој изминат ден покажува апсолутен недостаток на капацитет да ги реши проблемите со кои се соочува Црна Гора.

-Мандатот на оваа влада е времето на паѓањето на Црна Гора, рече Ѓукановиќ.

Тој на седницата на Главниот одбор го потврдил новиот активизам и посочил дека верува оти оваа пракса ќе продолжи, поради попрецизно и сеопфатно дефинирање на политиката на партијата.

Тој порача дека мора да ја избегнат стапицата да зборуваат само за потребата од кадровски промени во партијата, бидејќи реформите се многу подлабок процес во кој, како што наведе, зачекориле веднаш по парламентарните избори, а особено од партискиот конгрес.

Според Ѓукановиќ, клучен аспект на претстојниот дел од реформата мора да биде иновативен модел на работа што значи комуникација со луѓето.

-Способноста да покажеме дека ги разбираме нивните проблеми и дека можеме да понудиме подобри, поубедливи, поверодостојни одговори од конкуренцијата, за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, додаде Ѓукановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...