Бугарско МНР: 23 јуни не е крајниот рок до кој Бугарија треба да одговори на „францускиот предлог“

Крајниот рок до кога Бугарија треба да одговори на предлогот на француското претседателство за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија не е 23 јуни и тоа може да се случи во друг формат до истекот на претседавањето на Франција со ЕУ, односно до крајот на месецот, се наведува во Извештајот на бугарското Министерството за надворешни работи од 20 јуни доставен до Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија.



Како што јави БНР, Министерството ги информира пратениците дека т.н. „француски предлог“ создава „поволни услови за одбрана на бугарскиот национален интерес“. До Парламентот се испратени нацрт-протокол од претстојниот втор состанок на заедничката Меѓувладина комисија на Бугарија и Северна Македонија, извештај за текот на билатералните односи и предлогот на преговарачката рамка за земјава со ЕУ.

Според бугарското МНР, со Скопје не е постигнат договор за текст со кој се предвидува првата меѓувладина конференција да се одржи веднаш откако Северна Македонија во својот Устав ќе ги вклучи „оние нејзини граѓани кои живеат во земјата и се дел од бугарскиот народ“. Наместо бугарскиот предлог, се посочува во Извештајот, Скопје инсистира „вклучувањето на Бугарите како државотворен народ“ да се постави како услов за отворање на првиот кластер „Основни принципи“ во преговарачкиот процес.

Во Извештајот до Парламентот, Министерството наведува и дека е клучно протоколот да биде потпишан и одобрен од владите во Софија и Скопје, пред Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ со земјава.

– Не е реално да се очекува сите земји членки на ЕУ да го поддржат ставот на нашата земја за македонскиот јазик, наведува бугарското МНР, посочувајќи дека ваквиот став произлегува од сите разговори што се водени на европско ниво во последните три години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...