ЕУ повторно со порака до Вучиќ за воведување санкции против Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со шефот на Делегацијата на Европската унија во Белград, Емануел Жофре, кој ја повтори „преовладувачката позиција на Брисел за воведувањето санкции против Русија“, јави дописникот на МИА од Белград.



– Амбасадорот Жофре го повтори преовладувачкиот став на Брисел кога станува збор за усогласување на надворешната политика на Србија со агендата на ЕУ и воведувањето санкции против Руската Федерација и изрази подготвеност да соработува со нашата земја во однос на решавање на отворените прашања, кои се од клучна важност за натамошниот напредок на Србија на патот кон евроинтеграциите, се наведува во соопштението од кабинетот на Вучиќ.

Вучиќ на средбата посочил дека Србија „посветено работи на реализација на цели кои се во согласност со нејзината европска ориентација, како што се силниот економски напредок и зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот преку иницијативи за поврзување, со што покажа дека е сериозен, одговорен и доверлив партнер на Унијата“.

Соговорниците размениле мислења и за претстојниот Самит во Прага за иницијативата за формирање Европска политичка заедница како платформа за дијалог меѓу членките на ЕУ и земјите аспиранти за членство.

Вучиќ ја повторил својата благодарност до Европската комисија за поддршката во изградбата на енергетската инфраструктура, која е исклучително важна за Србија, додавајќи дека Србија е максимално ангажирана во проекти за диверзификација на изворите на енергија и рутите за снабдување.

Вучиќ и Жофре разговарале и за усогласување на визната политика со ЕУ за борба против илегалната миграција, како и за соработка на големи инфраструктурни проекти, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател за соработка со медиумите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...