Панајотопулос и Акар: Каналите на комуникација меѓу Грција и Турција да останат отворени

Важно е каналите на комуникација да останат отворени и да има средби меѓу двете страни, меѓу другото, потенцирале министрите за одбрана на Грција и Турција, Никос Панајотопулос и Хулуши Акар на средбата што ја реализирале на маргините на самитот на НАТО во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за одбрана на Грција кусо соопштија дека на средбата била потенцирана и „потребата од создавање клима на стабилност во регионот, врз основа на меѓународното право и правилата на добрососедство“.

Владини извори за грчката новинска агенција АНА-МПА коментирале дека средбата на двајцата министри што траела 40 минути, поминала во позитивна клима, Панајотпулос објаснил дека не може да има деескалација на тензијата меѓу двете земји сè додека турската страна продолжува со агресивна реторика и закани кои одат до оспорување на грчкиот суверенитет.

Исто така, се договориле да се задржи отворен каналот на комуникација меѓу двете страни.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на вчерашниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за евентуална средба на министрите за одбрана на Грција и Турција на маргините на самитот на НАТО, рече дека „секоја средба, секој чекор кон дијалог е чекор кон деескалација на тензијата и практичен доказ дека соседите го сфаќаат ќор-сокакот на провокативната тактика и провокативна стратегија што ја следат подолго време“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...