Косово ги прифати трите опции на ЕУ, Вучиќ не ги прифаќа сите точки од француско-германскиот план

Познатиот косовски публицист Ветон Сурои смета дека тензиите на северот на Косово треба да се намалат со заложба на двете страни, Косово и Србија.

Гостувајќи во емисијата "Топ стори" на албанската телевизија Топ чанел, Сурои рече дека "трите опции предложени од Европската унија, намалување на тензиите, нови избори и влегување во дијалог, веќе се прифатени од Косово".

Според него, што се однесува до француско-германскиот план, тој не може да се нарече договор се додека Вучиќ не ги прифати сите точки.

- Суштината е дека ЕУ во овој случај произведе барање од три точки, деескалација, избори и враќање на преговорите. Тие точки се поддржани во Косово. Деескалација значи зазравување и да нема потреба од специјална полиција. Северот беше проблем во однос на безбедноста бидејќи немаше владеење на правото. Во овие северни општини немаше слободни избори, имаше заплашување до убиство на кандидати. Како можете да одржите слободни избори во таа средина, нагласи тој.

Според него постои француско-германски предлог, што е прифатен од Косово и оти косовската страна се понудила да го потпише, но Србија го отфрлила.

-Останува да се толкува и како што рече Вучиќ ќе ги земам тие точки од овој договор и нема да ги применувам од внатрешно-политички причини. Ако има билатерален договор и едната страна каже избирам само неколку точки, тоа не е договор. Косово не може да има договор со себе. Не можеме да влеземе во сериозен преговарачки процес, изјави Ветон Сурои во Топ стори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...