Бугарскиот претседателски авион Ту-154 нема да лета

Софија, 12 април (МИА) - Сите летови на бугарскиот претседателски авион Ту-154 се откажани, по авионската несреќа во саботата кај рускиот град Смоленкс, во која загина полскиот претседател Лех Качински, соопштија денеска бугарски претставници.

- Бугарскиот Ту-154 нема да лета се додека сите причини за уривањето на полскиот авион не бидат познати, изјави началникот на воздухопловството Пенчо Пенчев за весникот „24 часа“.

Полскиот претседателски авион што во саботата се урна на западот на Русија со 96 патници и членови на екипажот, е идентичен со авионот на бугарскиот претседател Георги Прванов, кога станува збор за производителот и моделот на леталото.

Авионот од руско производство бугарските претставници го користат веќе 20 години. Вкупно четири вакви авиони се користат во Европа - еден во Бугарија, еден во Словачка и два во Полска.

Иако руските иследници ја исклучија можноста на технички дефект како причина за рушењето на полскиот авион, бугарските претставници разгледуваат натамошна употреба на Ту-154.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...