Три опции за мислењето на Меѓународниот суд на правдата за Косово

Приштина, 21 јули 2010 (МИА) - Меѓународниот суд на правдата, кој утре треба да се изјасни по иницијативата на Србија за оценување на легитимноста на независноста на Косово, има три опции, од кои две би биле во интерес на Приштина, а едно на Белград, се оценува во заедничката анализа на Центарот за европски студии на Универзитетот во белгискиот град Гент и на приштинскиот Институт за истражување.

Според авторите на анализата, првата опција е Судот да оцени дека прогласувањето на независноста на Косово била во согласност со меѓународното право, втората Трибуналот да не се изјасни по ова прашање со образложение дека во меѓународниот правен систем нема норми кои се однесуваат на прогласувањето независност, и третата да оцени дека косовската независност не е во согласност со меѓународното право.

Приштинските весници оценуваат дека доколку Судот се реши за една од првите две опции тоа би било позитивно за Приштина, додека третата би ги потврдила ставовите на Белград.

Сепак, според медиумите, дури и Судот да ја прогласи косовската независност за нелегитимна Приштина би можела да ја оспори таквата одлука со образложение дека Трибуналот не решавал за тоа дали постоењето на државата Косово не е во согласност со меѓународното право, ниту дека нејзините признавања се неважечки.

По повод утрешната одлука на Судот за Хаг денеска замина косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени, кој утре ќе присуствува на објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата.

Неговиот советник Ќерим Ќерими изјави дека Хисени е внимателен оптимист во врска со одлуката на Судот, додавајќи дека Приштина е подготвена за нови чекори во зависност од околностите што ќе се случат по утрешната судска одлука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...