Србија ја поддржува Кина

Белград, 8 декември 2010 (МИА) - Српската Влада донесе одлука да не присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир на кинескиот дисидент Лиу Шијаобо, в петок, во Осло.

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјави дека Белград ги почитува човековите права, но и билатералните односи со Кина.

Известувачот од Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин изјави дека е шокиран од одлуката на Србија да не присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир на кинескиот дисидент Лиу Шијаобо.

- Нема ниту една земја кандидат за членство во ЕУ, или потенцијален кандидат, која на таков начин ја манифестира својата сервилност, изјави Кацин за Дојче Веле.

Тој оцени дека Србија „во својот однос кон прашањата за човековите права ја покажала својата начелна политика“.

 - Има време за Кабила, а нема време за Осло и Нобеловата награда“, рече Кацин алудирајќи, веројатно, на минатогодишната посета на министерот за надворешни работи на Србија во Демократска Република Конго и неговата средба со претседателот на таа земја Жозеф Кабила. Известувачот на Европскиот парламент вели дека „тоа е доказ оти за српската надворешна политика е потребна вистинска дебата, не само во Србија туку и во ЕУ“ .

Кинескиот амбасадор во Белград Веи Џингуа рече дека Кина „високо ја цени“ оваа одлука на Србија. - Српскиот народ знае дека доделувањето Нобелова награда за мир на кинескиот дисидент нема врска со мир, оцени тој.

Србија е меѓу 19-те земји кои нема да присуствуваат на доделувањето на наградата. Освен Кина, на доделувањето нема да има претставник од Русија, Казахстан, Колумбија, Тунис, Саудиска Арабија, Пакистан, Ирак, Иран, Виетнам, Авганистан, Венецуела, Филипини, Египет, Судан, Украина, Куба и Мароко, наведе Нобеловиот комитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...