Уапсен последниот Хашки бегалец

Белград, 20 јули 2011 (МИА) - Во Србија е уапсен Горан Хаџиќ, последниот по кого трага Хашкиот Трибунал за поранешна Југославија, јавува српскиот весник „Блиц“.

Во Претседателството на Србија во 11 часот српскиот претседател Борис Тадиќ ќе одржи вонредна прес- конференција.

Хашкиот Трибунал го товари Хаџиќ за воени злосторства во Вуковар во 90-тите години од минатиот век, односно за прогонство на Хрвати од Источна Славонија, за убиства, мачење и грабежи на напуштени хрватски куќи.

Хаџиќ беше функционер на Сојузот на комунисти во Хрватска, по што премина во Српската Демократска партија и таму веднаш беше поставен за претседател на огранокот на партијата во Вуковар.

Хаџиќ исчезна во јули 2004 година од својата тогашна адреса во Нови Сад, откако Белград го прими обвинението од Хаг во кое е побарано и негово испорачување во рок од 72 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...