Хрватска ќе бара да и биде предаден Хаџиќ

Загреб, 21 јули 2011 (МИА) - Хрватскиот премиер Јадранска Косор изјави дека е логично Хрватска да побара да и биде предаден Горан Хаџиќ, ако се земе предвид фактот дека тој веќе има две пресуди во оваа земја, а против него е покренато уште едно обвинение.

- Факт е дека тој треба да му биде предаден на Хашкиот трибунал, но во консултации со Трибуналот, Обвинителството и хрватското Министерство за правда ќе видиме што е најреално, рече Косор синоќа по владината седница, која ја свика веднаш по завршувањето на официјалната посета на Полска.

- Ќе водиме сметка за интересите на Хрватска и на сите оние, кои веќе 20 години чекаат Хаџиќ да биде изведен пред суд, додаде Косор.

Хаџиќ беше осуден од Општинскиот суд во Осиек во 1999 година на осум години затвор за поттикнување на криминал, убиства, разурнување на католичка црква и минирање на несрпски куќи во Тен во 1991 и 1992 година, а во 1995 година Општинскиот суд во Шибеник го осуди на 20 години затвор поради напад во околината на градот.

Обвинителството во Вуковар покрена против Хаџиќ и уште 17 лица обвиненија за криминални активности во градот и за убиство на 1.292 лица од несрпска националност во Осиек, Вуковар, Винковци, Жупанија и Бјеловар во 1991 и 1992 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...