Да дојде жена ми, ама и швалерката

Белград, 21 јули 2011 (МИА) - Горан Хаџиќ, кој беше последниот обвинет по кого трагаше Хашкиот трибунал и кој беше уапсен вчера во Србија, во текот на седумте години бегство и криење имал вонбрачна врска, од која се родило дете, пишува денеска српскиот весник „Прес“, повикувајќи се на неофицијални извори на истрагата.

Неговиот адвокат Тома Фила го потврди тоа велејќи дека денеска Хаџиќ го посетиле, неговата сестра, ќерката и синот, а вонбрачното дете ќе го посети утре. Фила истакна дека не ги знае полот и возраста на вонбрачното дете.

Хаџиќ побарал од иследниците да ги види „двете негови семејства“, пишува „Прес“ и додава дека неговата законска сопруга и синот Сречко живеат во Нови Сад.

Семејството на Горан Хаџиќ


Разузнавачките служби дошле до информацијата за двојниот живот на Хаџиќ уште пред две години, откако не можеле да откријат траги од него преку неговото законско семејство. Според тие информации Хаџиќ живеел одредено време со неговата вонбрачна жена, криејќи се во Русија. Изминатите месеци тој немал контакт со ниту едно од семејствата.

- Најверојатно станува збор за врска, која почнала пред објавувањето на обвинителниот акт против него, изјави добро информиран извор за „Прес“.

Хаџиќ освен таен љубовен живот додека се криел имал и таен бизнис. - Се занимавал со шверц на нафта, со оглед на тоа што имаше добри контакти во Русија, каде мина значителен дел од неговото бегство. Тој беше поврзан со црногорските шверцери на нафта и со криминалци, предводени од познатиот Мандарина. Се претпоставува дека некој од таа група требало да му донесе пари на Хаџиќ, кои му биле потребни за криењето, додаде изворот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...