На повидок решение за северот на Косово

Приштина, 5 август 2011 (МИА) - Командантот на КФОР Ерхард Билер изјави денеска дека договорот за решавање на кризата на северот на Косово се уште не е постигнат, но дека „двете страни“ се близу решение.

Како што пренесоа приштинските медиуми, Билер рече дека „постојат предлози кои се разгледуваат во Приштина и во Белград“ и дека „двете страни се многу близу до конечен договор“.

Билер синоќа пет часа разговараше со претставници на српската Влада, а по средбата во базата на КФОР „Нотинг хил“ кај Лепосавиќ немаше изјави за медиумите, со што резултатот од разговорите не беше познат.

Претходно беше соопштено дека Србија и НАТО не успеале да постигнат договор за спорните гранични премини  Брњак и Јариње и оти блокадите на северниот дел на Косово продолжуваат.

Приштинскиот весник „Зери“ денеска објави дека Владата на Косово поставила десет услови што КФОР треба да ги прифати и оствари во разговорите со претставниците на Белград за Владата да го поддржи договорот меѓу КФОР и Србија.

Премиерот на Косово Хашим Тачи во четвртокот, на седница на Владата, изјави дека командантот на КФОР генерал Ерхард Билер се согласил со овие барања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...