Проститутките годишно заработуваат 215 милиони евра

Софија, 26 октомври 2011 (МИА) - Проститутките во Бугарија годишно заработуваат околу 430 милиони лева, односно 215 милиони евра, покажуваат резултатите од истражувањето на бугарската фондација „Риск Монитор“.

Во истражувањето на тема „За и против легализација на проституцијата“ е наведено дека во Бугарија има меѓу пет илјади и осум илјади проститутки, кои во просек заработуваат меѓу 60 и 120 евра дневно, додека вкупниот број на клиентите изнесува околу 3.700.

Официјалните податоци на бугарското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека минатата година во земјата се регистрирани 1.326 проститутки.

Од вкупниот број на лицата, кои се занимаваат со проституција, околу 90 проценти се жени, пет отсто се мажи, а пет проценти се трансексуалци.

Седумдесет проценти од лицата кои се занимаваат со проституција се Роми, покажува анкетата на „Риск Монитор“, организација, која во 2006 година ја формираа Институтите за отворено општество во Њујорк и Софија.

Во Бугарија проституцијата е мошне раширена, но не може да биде слободна професија, имајќи предвид дека 90 отсто од случаите се во рацете на криминалните мрежи, сметаат од фондацијата.

Според истражувањето 56 проценти од испитаниците ја сметаат понудата на сексуални услуги за нормална појава, а речиси 19 проценти за криминално дело. Повеќе од половина сметаат дека главен фактор, кои ги поттикнува луѓето на проституција е сиромаштијата.

Анкетата покажа и дека мнозинството од луѓето на возраст меѓу 30 и 50 години ја поддржуваат легализацијата на проституцијата.

Според официјалните податоци во Софија работат 29 бордели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Се среќаваат двајца пријатели по долго време и се прашуваат:
- Ти, што правиш во животот?
- Јас сум формацевт.
- Аха, во аптека работиш?
- Не бе, форматирам дискови.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1942.- Во месноста Долец, во Болнската Планина...
1981.- Во Милано умре Еуџенио Монтале,...
1986.- Во Скопје умре Драгутин Аврамовски-Гуте,...
1996.- Умре Тома Прошев, македонски композитор....