Србија го става на мраз членството во ЕУ?

Њујорк, 24 ноември 2011 (МИА) - Тактиката на стапот и морковот, која ја применува ЕУ можеби повеќе не е толку примамлива за Србија, која би можела своите тежнеења кон членството во Унијата да ги стави на мраз или дури и целосно да ги отфрли бидејќи не сака да се одвои од Косово, пишува „Волстрит џурнал“. 

ЕУ, која на 9 декември треба да одлучи дали ќе пристапи во преговори за членство со Србија, минатиот месец соопшти дека тензичните односи со Косово мораат да се подобрат.

Во текстот се наведува дека Унијата, иако засега не ја присилува Србија да ја признае независноста на Косово, веројатно порано или подоцна ќе инсистира на тоа Белград да преземе таков чекор, бидејќи не сака политички конфликт покрај сопствените финансиски проблеми.

Србија се надева дека ќе се реши косовскиот проблем без да мора да ја прифати независноста на Косово, но ЕУ не е толку цврсто убедена дека тоа е можно.

Имајќи го предвид тоа дека откажувањето од Косово е тешко прифатливо за повеќето Срби, кои го сметаат за своја културна колевка, дел од српскиот политички врв размислува за откажување од тежнеењето кон ЕУ.

Националистичката реторика повторно се распламтува пред изборите предвидени за мај следната година, објави весникот, пренесувајќи ја неодамнешната изјава на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ дека „ако цената е Србија да се откаже од Косово за да добие членство во Унијата, тогаш тоа не треба никогаш да се прифати бидејќи постојат национални и државни интереси, а Србија може да опстане и без ЕУ“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Дежурниот спикер ги буди Црногорците.
- Добро утро, јунаци! Ајде да вежбаме. Одиме: Горе-долу, горе-долу, горе-долу, ајде сега другото око.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...