Албанија, Македонија, Косово и Црна Гора во сојуз како Бенелукс

Брисел, 21 јуни 2012 (МИА) - Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора да обединат сили и да создадат нова трајна структура на соработка за да развиваат политички и економски односи и да го забрзаат влегувањето во ЕУ, се вели во текст публикуван на порталот EUobserver. ЕУ секој ден повикува државите од Балканот да ја подобрат регионалната соработка и да извршуваат реформи. Веруваме дека сега е време за промена и затоа предлагаме да се создаде структура слична на Бенелукс, во која ќе се збилажт Албанија, Косово, Македонија и Црна Ггора, посочуваат авторите.

Цел на создавањето на новата структура би требало пред се, да бидат трговијата и либерализацијата на границите, борба со организиран криминал, развој на регионот и инфраструктура и развој на финансискиот пазар, се вели во текстот. 

Таква структура би дала нов поттик за подготовка за членство во ЕУ и би помогнала на тие држави да бидат конкурентни на европската економија, посочуваат авторите на статијата. Напоменуваат дека е многу важно да се убеди светската јавност дека не станува збор за обид за создавање „Велика Албанија“ на мала врата. 

Би се создал пазар за осум милиони луѓе со слободен проток на стоки, услуги, капитал и луѓе што ќе биде од корист, наместо да се чека влез во ЕУ. Планот е амбициозен, но нема време за губење - на луѓето им треба причина за да останат во својата држава наместо да бараат среќа во странство, се додава во текстот. Авторите истакнуваат дека особено лоша е ситуацијата во Косово, бидејќи е најнеразвиено од тие четири држави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...