Во Бургас терористички напад врз израелски туристи

Софија, 18 јули 2012 (МИА) - Според најновите информации најмалку шест лица загинаа, а над 30 се повредени во експлозија на туристички автобус до аеродромот Сарафов, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

На местото при експлозијата загинаа пет лица, а подоцна во болница почина уште едно. Околу 32 лица се пренесени во болница, од кои четворица се во критична состојба, 18 се во средно тешка, а останатите се лесно повредени. 

Туристите во Бугарија пристигнале од Тел Авив со чартер лет број 392 на авиокомпанијата „Ер Виа“ во 16 часот и 43 минути по бугарско време. На авионот се наоѓале вкупно 154 патници, од кои 146 возрасни и осум деца.

Бугарските власти ја разгледуваат можноста за извршен терористички напад. Аеродромот во Бургас е времено затворен.

- Изразувам најдлабоко сочувство кон семејствата на загинатите и сочувство до повредените, истакнува министерот за надворешни работи Николај Младенов во соопштението по повод трагичниот инцидент.

Бугарија ќе стори се за разјаснување на причините за овој ужасен настан, нагласи Младенов, кој веднаш замина на местото на несреќата.

На местото на несреќата се и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...