Деветтата рунда неуспешна, можно е продолжение

Брисел, 18 април 2013 (МИА) - Деветтата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија заврши по 15 часа, без договор, но овој пат на страните во разговорите им е понуден документ, кој според српскиот преговарачки тим, значително е поповолен од решенијата, кои досега се нудеа.

Во обраќањето до новинарите двете страни по разговорите изразија подготвеност за продолжение на дијалогот и постигнување договор, но и со мошне остра реторика изнесоа различни предлози за спорните прашања, јави Танјуг.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград бил подготвен да ја прифати бриселската спогодба за овластувањата на заедниците на српските општини, но оти косовскиот премиер Хашим Тачи ја минирал таа можност со врзување на тој проблем со членството на Косово во меѓународните организации, вклучувајќи ги и Обединетите нации, што српската делегација не прифатила.

- Имаше 15 точки, тие за нас се прифатливи, освен обидот да се врзе прашањето за полицијата на северот со членството на Косово во меѓународните организации, рече Дачиќ.

Тој додаде дека разговорите била тешки, и се заблагодари на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетри Ештон за предлозите, кои како што рече се многу поприфатливи од претходните фази и наведе дека во доста прашања ставовите се мошне приближени.

Српскиот премиер смета дека е можно следните денови да биде направен исчекор, дека Србија е посветена на постигнувањето на решението, дека српската делегација била единствена и правела се во согласност со српските интереси.

- Не дојдовме да го опструираме дијалогот, туку да постигнеме решение, максимално правејќи големи, тешки и болни компромиси. Ние ги прифативме сите предлози на Ештон, додека Тачи сакаше прашањето на полицијата да го врзе со членството на Косово во меѓународните организации, што не е дел од темите за кои разговаравме, тоа е всушност единствената тема, која е уфрлена без ред, рече Дачиќ. Тој додаде дека е некоректна интерпретенацијата на Тачи дека Белград го одбил предлогот.

- Одбивме прашањето на полицијата да биде условено со членството на Косово во меѓународните организации, но сакаме овој проблем да се реши позитивно, заклучи премиерот.

Косовскиот премиер Хашим Тачи, пак изјави дека Приштина досега ги прифатила сите предлози на Ештон, вклучувајќи ги и вчерашните, а дека Белград е тој го одбивал, но додаде оти се надева дека во следните минути, денови, ќе го смени мислењето.

- Ова е трет пат Србија да го одбива предлогот, а Косово да го прифаќа, рече Тачи и додаде дека „спогодбата не може да се постигне со логиката и главата на Шешељ“.

Ештон ги повика Белград и Приштина да ги разгледуваат понудените предлози и да согледаат дали е можно да е постигне договор и потсети дека до понеделник има малку време.

- Јазот меѓу двете страни е тесен и плиток, рече Ештон, за разлика од нејзината оценка по осмата рунда кога рече дека јазот е „тесен и длабок“.

Спогодбата, која им е понудена на двете страни се состои од 15 точки, а посебен проблем претставуваше 14. точка, која се однесува на учеството на двете страни во процесот на европските интеграции.

Албанската страна тоа е го прифаќа и сака таа формулација да се однесува на членството на Косово во меѓународните организации, а како проблем го посочува и прелодгот во областа на полицијата.

Повеќе на преговарачката маса не е претходниот предлог дека општините Јужна Митровица, Вучитрн и Србица во кои Албанците се мнозинство треба да се вклучат во заедницата на српските општини, со што би се променила етничката слика за регионот.

Подобрувањето пред се се однесува на надлежностите на Заедницата на српските општини во областа на полицијата, каде ЗСО би имала непосредна надлежност за избор на регионален командант и општински командант.

Во однос на правосудството предлогот предвидува поголеми надлежности, односно подобро уредување на судовите, што овозможува српските судии да имаат поголемо присуство на северот и во средините во кои живеат Срби.

Инаку деветтата рунда од дијалогот е закажана ненадејно, откако двете страни изразуваа подготвеност за продолжување на разговорите, поради што Ештон упати повик со надеж дека договорот ќе биде постигнат.

По 15 часа, неколку одвоени и заеднички средби, паузи, вербални судири и многу остри зборови, кои преговарачите си ги упатија едни на други, овој пат дијалогот е завршен со тоа што е даден рок до понеделник Белград и Приштина да се изјаснат за понудениот документ по принципот „земи го цел пакет или остави“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...