Само мал број полицајци останаа на Таксим

Истанбул, 17 јуни 2013 (МИА) - Утринава на истанбулскиот плоштад Таксим останаа само мал број полицајци, а жителите на градот веќе можат да минуваат преку него и преку паркот Гези, пренесоа руските медиуми.

Во последните два дена Таксим беше целосно блокиран од силите на редот.


Општинските служби го исчистија реонот на плоштадот и посадија нови цвеќиња околу споменикот во центарот на Таксим. На улиците покрај плоштадот, меѓутоа, уште може да се забележат траги од судирите.

По протестите од изминатата ноќ по улиците околу плоштадот, во Истанбул утринава во целина ситуацијата е мирна, посочуваат агенциите.

Над 600 лица вчера биле приведени во Истанбул и Анкара за време на антивладините демонстрации, соопштија извории од адвокатските комори во двата града, пренесоа француските медиуми.


По распитот приведените биле ослободени или изведени пред обвинител, посочијаа извориите.

Турската приватна телевизија НТВ соопшти дека утринава турските сили за брзо реагирање ги урнале шаторите на демонстрантите во градот Ескишехир, во северозападна Турција. Околу 250 шатори биле кренати и натоварени на камиони. Полицајците употребиле водени топови и солзавец врз демонстрантите. Има многу приведени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...