Нова форма на протести во Истанбул

Истанбул, 18 јуни 2013 (МИА) - Откако турската полиција во саботата ги забрани протестите на плоштадот Таксим во Истанбул, синоќа на тоа место се одржа необична форма на протест, пренесува БТА.



Момче со бела кошула и црна чанта неколку часа стоеше на плоштадот „Таксим“. Момчето остана неколку часа свртено со лицето кон културниот центар „Атататурк“ на речиси празниот плоштад, без да презема никакви дејствија. Подоцна дојде полицијата и го претресе момчето и ранецот, но не најде ништо сомнително.

Момчето продолжи да стои мирно. По некое време околу него се собраа стотина лица и почнаа да стојат без да се движат и зборуваат. Полицијата интервенираше и ја растера групата. Сепак, момчето остана да стои на плоштадот, сам заедно со новинарите кои го фотографираа.



Станува збор за Ердем Гундуз. Актерката Рукен Демирер изјави дека „застанатиот човек“ е нејзин состанар. Според актерката, момчето во период од еден месец секоја вечер ќе стои на Таксим во знак на солидарност со демонстрантите во паркот Гези.

Во ранецот на момчето се наоѓале само вода и бисквити. Рукен ги повика граѓаните за вечер да му донесат само вода и бисквити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...