Четиригодишно момче свирепо тепано до смрт од целото семејство

Свирепото убиство на четиригодишниот Смајо од населбата Хадџици во Сараево не престанува да ги шокира граѓаните на Босна и Херцеговина, а и секој кој ќе ја прочита оваа потресна приказна. Уапсени и притворени се неговата мајка Ена (25), дедото Амир (57), бабата Мунира (62) и очувот Салих Арнаутовиќ.

Уште пошокантен е исказат на мајката Ене која го даде во текот на истрагата.



Првиот шамар

Иако во текот на нивната работа истражителите, обвинителот и адвокатите се навикнати да слушнат и видат најразлични трагични и грозоморни нешта, велат дека на моменти не можеле да ги слушаат сведоштвата на мајката Ена. Вистинска голгота од која им се ледела крвта во жилите. Приказна која секој човек кој има и најмалку чувства ќе се стаписа и запраша до каде може да оди човекoт со својата нечовечност. Повеќе од шокантно е дека малиот Смајо, според сведочењето на мајка му, покрај тоа што бил тепан од неа, не заостанувале ни неговиот очув, дедо и баба. Но очувот кој се доселил пред три месеци во нивната куќа бил главен актер во матретирањето на четиригодишниот Смајо.

- Првиот месец се беше во најдобар ред, иако Салих седум дена откако се всели го удири син ми, бидејќи не сакаше да го вика тато. Салих инсистираше на тоа, и кога Смајо не ќе му се обратеше со тато, ќе му влепеше еден шамар. Исто така, секоја вечер, кога Салих ќе се вратеше дома од работа, ако мојот син не сакаше да го бакне, тој повторно го удирше, изјавила за време на сведочењето мајката на Смајо.

Како што е наведено, во исказот неговата невенчана сопруга во неколку наврати му велела да не го тепа нејзиниот син, но тој и се заканувал дека и нејзе ќе ја снајде истото .

- Во јануари оваа година за прв пат го удри посилно при што Смајо се здоби со модринки, Имаш испушено марихуана и консумирано спид. Потоа го удри со тупаница во градите и го фати за вратот. Мислам дека Смајо беше тепан од Салих, бидејќи личеше на мојот прв сопруг изјави 25 –годишната Ена.

Во едно изјави дека момчето во средината на јануари, добило треска и висока температура која не се намалувала два дена, па одлучила да го однесе до брза помош.

- Но, надвор беше подмрзнато и двајцата паднвме. Смајо плачеше и се жалеше дека го боли раката. Како да му беше откината, висеше во воздухот, на секој допир врескаше. Морав да се вратам назад. Потоа успеав да го однесам до брза помош, од каде ме упатија во Клиничкиот центар во Сараево. Лекарите ги лажев дека Сејо паднал од кревет.

Рана на главата

- Две недели потоа, мојот партнер повторно почна да го тепа син ми без никакви причини, а особено кога му недостасуваше марихуана и други наркотици. Го тепаше со тупаници и со каиш по целото телото. Додека го тепаше му ставаше крпа во устата. Смајо пригушено липаше така да не можеше да слушне надвор. Модринките никој не ги забележуваше бидејќи само јас го капев - изјави Ена Липа опишувајќи ги настани во куќата на ужасот.

Ена вели дека се пожалила на мајка си како Салих го тепа малиот, но таа само искоментирала дека тоа е нивен проблем.

- На 12 февруари, кога се вратив од гинеколог, Смајо имаше рана на глава и модринка под окото. Кога го ставив на нокшир, забележав гребатинка на главчето од неговиот полов органи. Не сакаше да признае дека бил тепан. Таа ноќ, среда спрема четврток, се разбудив и видов како Салих го зема малот од креветот и го тера да стои пред него – изјавила притворената.

Го прашав што прави, а тој ми одбруси: „Ништо, оди да спиеш“ по што бесчуствителната мајка се свртела и заспала. Пред да потоне во сон слушнала како нејзиниот невенчан сопруг зборува со момчето, „Ако не слушаш, ќе те врзам“, Смајо одговорил: „Ќе те слушам“.

- Се разбудив во текот на ноќта и отидов во бањата. Го видов мојот син како лежи на подот со врзани рацете и нозе. Кога излегов од бањата, малиот беше одврзан, но не можеше да стои. Во утринските часови се јавив на Салих, кој беше на работа, му реков дека Смајо не може да застане на нозе. Се договоривме да дојдеме кај него на работа па да го носиме кај оџа во Кисељак. Оџата рече дека детето е „маѓепсано“ и да го доведеме повторно за десет дена - изјави мајката.

Судбоносниот 25 февруари, кога малиот Смајо починал, според Ена, монструозниот очув го претепал нејзиниот син до смрт, бидејќи тој, наводно, не сакал да го бакне.

- Потоа извади едно ЦД  и повлече линија спид. Зема од татко ми 50 КМ и ме испрати во продавницата „Бинго“ да  купам некои намирници. Кога се вратив видов дека Смајо е тепан, а беше намачкан и со пудра на неколку места. Направив ручек. Откако Салих ручаше, продолжи да го тепа малиот со раце и со каиш. И јас еднаш го удрив со токата од каишот по глава. Салих во еден момент го удри со рака во градите и Смајо изгуби свест. Отчав до кујната, донесов лажица и вода. Салих со лажица му ја отвори устата, а јас го полив, изјави Ена.

Според нејзините зборови, Смајо почнал да повраќа, па извршил голема нужда.



- Салих тогаш го подигна малиот на прозорецот и му рече на татко ми дека детето не е добро. Татко ми дотрча во собата, го покри со чаршав и го однесе по скалите... Во последните два месеци, освен мене и Салих, детето го тепаа и мојот татко и мајка – вели Ена на крајот од својот исказ.

Ена Липа во мај 2013 година го напуштила својот прв сопруг затоа што наводно била малтретирана, а со себе ги понела и децата.

Салих Арнаутовиќ го запознала во еден фаст–фуд ресторан на Илиџа, каде работела од октомври 2013 година. Седум дена откако се запознале отишла да живее со него во Мишевиќи, а децата ги оставила кај родителите, без да се јави 15 дена. Дома се вратила по 15 дена, а по неа и Салих се вселил во куќата на семејството Липа.

Според исказот на Ена откако се вратила кај родителите, тие не го прифатиле нејзиниот син, туку само петгодишната ќерка. Малиот Смајо го малтеретирале, тепале, шуткале и го ставале под маса. Кога Салих се вселил кај нив, предложил детето да спие со нив во соба за да му пружат љубов…

Не е пријавено насилство

Соопштение за печатот по повод овој случај вчера даде и Кантонскиот Центарот за социјална работа односно Службата за социјална заштита на Општина Хаџиќ.

- Во Кантонскиот Центарот за социјални работи никогаш не било пријавен или евидентирано семејно насилство. Семејството неколку пати се обрати до Центарот и тоа Л.Е дедото на малиот во август, а Е.К, чичкото на починатото момче во декември 2012. Барања во двата случаи се исполнети, а во листата на останати членови во домаќинството не се наведени мајка Ч.Е и малолетни деца - се вели во соопштението.

Од оваа служба понатаму изјавија дека мајката на момчето се обраќала до Одделот за социјална заштита за издавање на уверение за да стекне право на детски додаток, а татко на малолетни деца Ч.С се обратил до Службата со барање за остварување на право да ги гледа деца .

- Значи, од официјалната евиденција, јасно е дека насилството никогаш не е пријавено, а службените лица при контакт со горенаведените, за време на постапките кои се водени, не  забележале никакви знаци на семејно насилство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Синот го прашува татко си:
- Тато, зошто се врти светот?
- Ти, пак си пиел од моето шише, а?

* * *

- Што е храброст:
- Да му се посереш на комшијата пред врата, па да му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1586.- Во Дерендинген, Германија, умре Примож...
1798.- Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден...
1877.- Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е...
1858.- Роден е американскиот воен инженер Џорџ...