Охрид од денеска авионски директно се поврзува и со Милано

Покрај авионската линија со шведскиот град Малме, од денеска нискобуџетната авиокомпанијата „Визер“ од охридскиот аеродром почнува да оперира и со редовна линија кон италијанскиот град Милано (Малпенса). Летовите од и кон Милано до 30 март ќе се реализираат секој вторник и сабота, додека од 1 април во понеделник и во петок.



Охридскиот аеродром сезонски е поврзан со уште осум дестинации и тоа со Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, што ги реализираат 11 авиокомпании.

Согласно договорот потпишан со владата, авиокомпанијата „Визер“ е обврзана од јули оваа година да стартува и со реализација на директни летови за Охрид од германските градови Меминген и Дортмунд.

Вршителот на должноста градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, смета дека новите линии кон Малме и Милано ќе бидат од големо значење за населението од регионот, а практиката на воведување нови авионски линии кон охридскиот аеродром е во корелација со заложбите на локалната власт за дополнителен развој на туризмот и промоција на Охрид пред новите потенцијални туристички пазари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...