Девет од десет фирми не планираат целосно затворање, ниту отпуштање на работниците

Речиси половина или 48 отсто од фирмите нема да ги пратат работниците на принуден одмор, 19 проценти ќе ги пратат на принуден одмор, 19 отсто веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13 проценти размислуваат за друга можност, покажува анкетата на Стопанската комора на Македонија спроведена од 7 до 14 април со цел анализа на последиците од коронавирусот.



-Во однос на прашањето за отпуштање на работниците, 86,2 отсто се изјаснија дека нема да ги отпуштат вработените, 13 проценти дека ќе ги отпуштат, а само 0,8 отсто дека веќе ги отпуштиле. Ова потврдува дека стопанствениците се свесни за важноста на работната сила, во која патем е и инвестирано за успешно натамошно работење на претпријатијата, а соодветно на тоа и за потребата колку што е можно повеќе да ги задржат работниците во редовен работен однос, вели во видео-изјавата економскиот советник на Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски.

Според анкетата, во однос на финансиите, 44 отсто од фирмите немаат проблеми со ликвидноста, додека 56 проценти, очекувано, имаат проблеми со ликвидноста. Притоа, 65 отсто од фирмите имаат кредити за отплата, а 35 отсто немаат кредити за отплата. Вкупно 81 отсто пријавиле одреден процент на откажување на договорените аранжмани или работа на претпријатието. Притоа, 35 отсто пријавиле дека процентот на откажување на договорените аранжмани или работа е поголем од 50.

-И покрај проблемите со кои се соочуваат претпријатијата во однос на производството, извозот, увозот, прометот и синџирот на добавувачи, радува сознанието дека 71 отсто не размислуваат за затворање на претпријатието, а дополнителни 21 процент размислуваат за затворање само на еден дел од претпријатието. Ова може да се поврзе со фактот што дури 79 отсто од анкетираните претпријатија работат повеќе од 10 години на пазарот. Според анкетата, осум проценти би го затвориле претпријатието во целост, посочува Јовановски.

Во анкетата, фирмите се изјасниле и која од економските мерки на Владата планираат да ја искористат.

-Најголем дел од анкетираните фирми, 30 отсто, планираат да ја користат мерката – 14.500 денари месечно по вработен за април и мај, за компании погодени од кризата или 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен. За користење на мерката – задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор се изјасниле 26 отсто од претпријатијата. Мерката – одложување на кредитите кај банките и пролонгирање на отплатите, репрограмирање, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, ќе ја користат 12 отсто од анкетираните претпријатија. Мерката – дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови осум милиони евра од Развојната банка на Северна Македонија ќе ја користат седум проценти од претпријатијата, а исто толку се изјаснија и за користење на мерката – 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка на Северна Македонија, вели Јовановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...