Европските берзи остро паднаа по извештаите на ФЕД

На европските берзи денеска наутро цените на акциите драстично паднаа, како и на азиските пазари, бидејќи американската централна банка може да биде поагресивна во заострувањето на монетарната политика од очекуваното.



Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 9, отсто во 9.30 часот, по два дена силен раст. Лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,55 отсто, на 7.432 поени, додека франкфуртски DAX потона за 1,40 отсто, на 15.244 поени, а париски CAC 1,0 отсто, на 6.912 поени.

Цените на акциите драстично паднаа и на азиските берзи, па MSCI берзанскиот индекс MSCI, без јапонскиот, беше намален за 2,2 отсто и се лизна на најниското ниво во речиси 15 месеци.

И индексот на токиската берза Никеи потона за повеќе од 3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 1,6 и 3,5 отсто.

Остриот пад на индексот е резултат на поагресивниот од очекуваното планот на централната банка за заострување на монетарната политика. Бидејќи инфлацијата е далеку над 2 отсто, а пазарот на трудот е силен, клучните каматни стапки наскоро ќе треба да се зголемат, се вели во вчерашното соопштение на ФЕД по дводневната седница. Иако ФЕД не соопшти точно кога ќе ги зголеми каматните стапки, аналитичарите веруваат дека тоа ќе биде во март. Тоа ќе биде првпат од декември 2018 година и доаѓа во средина во која инфлацијата достигна 7 отсто, највисоко ниво во речиси 40 години.

Во март, аналитичарите на ФЕД велат дека централната банка би можела да ја прекине програмата за купување обврзници и потоа да започне со намалување на билансите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...