Бектеши: ЕУ да ја научи лекцијата од Украина за брза интеграција на регионот

Лекцијата од Украина да ја научи ЕУ и во однос на европската перспектива на регионот и брза интеграција на сите земји и да не дозволи Западен Балкан да биде црна дупка во Европа, порача министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши од Делфи економскиот форум во Грција, за време на неговото учество на панел дискусијата за тоа „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“, јави дописничката на МИА од Атина.



Министерот истакна дека е незамисливо во 21 век да има војна на европскиот континент, посочувајќи дека тоа треба да биде лекција, „треба сите заедно да гледаме напред кон иднината, а не да се враќаме во минатото“, додавајќи дека во војната, руската страна „споменува прашања како што е историјата“.

-Да гледам напред за да имаме подобри стандарди за нашите граѓани, за да имаме поразвиен регион, кој не е регион што е вон Европа, туку е регион дел од Европа, да не биде оставен како црна дупка во ЕУ, порача Бектеши.

За европската перспектива на Северна Македонија посочи дека земјата над 15 години има статус на кандидат, споменувајќи дека поради одолговлекувањето дел од граѓаните го губат моментумот на доверба за интеграција, а ситуацијата во Украина треба да даде дополнителен поттик за отворање на патот кон ЕУ.

-Лекцијата од Украина треба да биде научена од Европската Комисија, за што е можно побргу Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан да го започнат процесот на преговори, бидејќи членството на НАТО ни носи безбедност и стабилност, но просперитет нема да имаме без прогрес во ЕУ, истакна Бектеши.

Додаде дека Северна Македонија очекува оваа година да ги започне преговорите со ЕУ, а паралелно истакна дека интеграцијата на Западен Балкан ќе донесе и „огромно позитивно влијание врз граѓаните“.

Говорејќи за последиците од војната, истакна дека ни Северна Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на конфликтот и детално ги објасни мерките што Владата, односно пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра со цел брзо и ефикасно справување со неминовниот ценовен шок кој што се очекуваше.

Потенцираше дека иако трговската размена со Русија е околу еден отсто од вкупната размена на земјата, а размената со Украина е околу 1,5 проценти, што значи дека конфликтот нема директно влијание врз трговскиот баланс, но додаде дека сепак, прелевањето на кризата на европските пазари со кои земјата ја остварува најголемата трговска размена, има големо влијание врз економијата.

Паралелно ги спомена и инвестициите и проектите со соседите, осврнувајќи се на интерконекторот со Грција што е важен за диверзификација и намалување на зависноста од рускиот гас и што „ќе донесе поголема енергетска стабилност и безбедност во целиот регион“.

На пенел дискусијата, заедно со Бектеши учествуваа и генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Грција Јоанис Смирлис, програмскиот менаџер за јужна Европа од Светската банка Горан Тињич и Топлица Спасојевиќ од Српско здружение на економисти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...