Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот

Најверојатно во четврток ќе се одржи состанокот со општините на кој ќе бидат потпишани договорите од вториот јавен повик по што тие ќе можат да објавуават огласи за проектите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој информира дека над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра.



Реализацијата кај општините е нешто помала од очекуваната и на тоа, напомена, се работи дополнително.

-До овој момент половина милијарда или околу 500 милиони евра од унгарскиот кредит се потрошени за да се врати еврообврзницата подигната во 2018 година. Последната информација што ја имам, поврзана со кредити кон стопанството, е дека таа бројка е над 150 милиони евра кои се доделени преку комерцијалните банки во бизнисот, а за општините во Буџетот за годинава имаме предвидени околу 200 милиони ерва, истакна Мицкоски.

Со вториот повик за општините и потпишувањето на договорите, рече премиерот, ќе се заокружи вкупната сума средства земени од унгарскиот кредит - за враќање стари долгови и за развој и капитални инвестиции на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...