ССМ и КСС придружни членки на Светската конфедерација на синдикати

Скопје, 28 март 2011 (МИА) - Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати станаа придружни членки на Светската конфедерација на синдикати. Одлуката е донесена на седница на Извршниот комитет на Светската конфедерација на синдикати во февруари годинава во Брисел.

Членството им овозможува активно партиципирање во сите органи и тела на оваа светска организација. За лидерите на двата синдикати членството претставува голем успех и признание за нивното делување, за напорите во справувањето со светската економска криза, како и признание за социјалниот дијалог кој започна да функционира со формирањето на Економско-социјалниот совет.

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, кој денеска присуствуваше на свеченоста на која беше објавено членството на двата синдикати во оваа организација, рече дека ова претставува напредок за синдикалното движење, но и обврска на Владата која отсега натаму ќе има соработка не само со репрезентативни синдикати, туку и со синдикати зачленети во една светска синдикална организација.

Светската конфедерација на синдикати е меѓународна организација која ги застапува интересите на работниците во светот. Во неа членуваат 301 организација од 151 држава со вкупно 176 милиони членови. Основана е на Конгресот што се одржа од 1 до 3 ноември 2006 година во Виена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...