Јанакиески ги презентираше достигнувањата на Владата во областа на инфраструктурата, транспортот и комуналните вложувања

Скопје, 27 април 2011 (МИА) - Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ги презентираше најзначајните достигнувања во областа на инфраструктурата, транспортот и комуналните вложувања.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Јанакиески на прес-конференција, гради автопатска делница Куманово-Табановце во вредност од над 15 милиони евра, ја изгради обиколницата околу Скопје, која беше пуштена во употреба во 2008 година, а е изградена на ниво на автопат во должина од околу 27 километри, а во тек се завршни подготовки за почнување со изградба на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, проект вреден 270 милиони евра кој ќе се реализира со поддршка од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

- Во тек е постапка за издавање под концесија на повеќе делници низ Македонија. На потезите од Крива Паланка до Куманово, од Миладиновци до Штип и Кочани, од Гостивар до Струга и неколку други. Во постапката имаше пријавено голем број заинтересирани компании, но Комисијата утврди дека пет ги исполнуваат условите за да преминат во финалната фаза. Изградена е трета лента на Плетвар. Реализиран е проект за санација и зајакнување на мостовите во Република Македонија. Изграден е нов пат до манастирот Свето Преображение во Крушево. Оваа Влада изгради пат од Куклиш до Банско, рече Јанакиески. 

Реконструиран е, додаде тој, патот од Струга до Дебар, од Давидово до Раброво, од Прилеп до Кривогаштани, од Смојмирово до Превалец, обиколницата во Охрид и многу други патишта. Дополнително оваа Влада изврши реконструкција на 62 локални патишта во вкупна должина од 140 километри, а во тек на изградба се патните правци од Радовиш до Струмица, од Смрдлива вода до скијачкиот центар Кожув, патниот правец во Порече и десетици други патни правци низ Македонија.

- Завршен е процесот за давање под концесија на аеродромите во Македонија. Завршена е реконструкцијата на охридскиот аеродром, а наскоро ќе заврши и на скопскиот аеродром. Македонија ќе добие современи аеродроми. Во Македонија првпат почнаа да се појавуваат и нискотарифни авионски компании кои ќе нудат евтини летови до повеќето европски метрополи. Се модернизираат повеќе делници од железничката инфраструктура и се подготвуваат проекти за изградба на нови, рече Јанакиески.

Изградени се, додаде тој, трите нови трибини на националната арена Филип Втори. - Веќе се изградени или се градат над 1000 станови кои се наменети за социјалните категории на граѓани или за комерцијална продажба. Започната е изградба на неколку катни гаражи во Скопје, кај судска палата, кај стара железничка. Во тек е уредувањето на крајбрежните појаси на Охридското и Дојранското езеро. Се врши урбанизација на повеќе делови од Македонија, со цел да се овозможи изградба на капитални објекти, вели Јанакиески.

Во тек е набавка на 202 двокатни автобуси и 80 ниско подни, а дел од нив, како што потенцира, веќе сообраќаат на улиците на главниот град.

- Извршена е санација на повеќе свлечишта низ Македонија. Изградени се огромен број локални водоводи, а ова се само мал дел од сите реализирани проекти. Само ваква отчетност е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за Македонија, изјави Јанкиески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...