Резервите на гас и нафта на Грција проценети на 1,7 билиони долари

Атина, 27 мај 2013 (МИА) - Норвешки експерти проценија дека вредноста на резервите на пририден гас и нафта на територијата на Грција изнесува 1,7 билиони (1.700.000.000.000) долари, објави грчката телевизија Алфа.

Експертите од Норвешка вршеле испитување под морското дно јужно од Крит, каде лоцирале неколку наоѓалишта на енергенси, од кои повеќето на природен гас.

Експертот за минерални богатства Андонис Фосколос во изјава за Алфа проценува дека Грција од овие залихи во следните 25 години може да заработува по 25 милијарди долари годишно.

Тој наведува дека досега откриените резерви на природен гас и нафта се само дел од постоечките, односно дека вкупните залихи на енергенсите во економските зони во Грција изнесуваат 2,5 билиони долари. - Годишната заработка на земјата (од енегренсите) би била 32 милијарди долари, смета Фосколос.

Според него, со отпочнувањето на искористувањето на овие резерви на енергенси би се отвориле меѓу 450 и 500 илјади работни места. Овие залихи, според Фосколос, би можеле да се експлоатираат во следните сто години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...