Ставрески: Има потреба и основа за зголемување на кредитниот раст

Скопје, 29 мај 2013 (МИА) - Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека има потреба од зголемување на кредитниот раст, а основа за тоа се првите знаци за стабилизирање на економијата и високата ликвидност на банките. 

- Веќе се гледаат првите знаци за стабилизирање на економијата, што значи дека и ризиците постепено се намалуваат. Има средства за тоа да се реализира, бидејќи банките имаат историски гледано највисока ликвидност. Очигледно треба да видиме заеднички со банките и со фирмите, со Народната банка, каде има потреба од приспособување на одредени инструменти, мерки и политики. Доколку можеме ние како Министерство за финансии и Народна банка да помогнеме во тој процес и секако ќе направиме она што е до нас. Меѓутоа, главниот дијалог во тој дел треба да биде меѓу банките и претпријатијата за здрави добри проекти да се одобрат финансиски средства, изјави министерот за финансии одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.  

Според претседателот на Здружението на банкарство Ѓорѓи Јанчовски  истакна добиените податоци за индустриското производство се оптимистички и оти во наредниот период ќе следи и зголемено кредитирање од страна на банките.

- Банките кога ги даваат кредитите ги даваат врз основа на некои критериуми и како што рече министерот за финансии во изминатата година и пред тоа ние имавме на некој начин историски зголемена ликвидност. Намаленото давање кредити се должеше, односно беше одраз на она што се случува во стопанството. Стопанството нема некој пораст и не може банките да го зголемуваат кредитирањето за десет отсто, истакна Јанчовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Секретарката влегува кај директорот во канцеларија:
Директоре, стигна факс.
Нека влезе!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...