Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони

На 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која денеска претседаваше министерот за локална самоуправа Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог-одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој.

Практично, со ова заврши првата фаза за распределба на средствата од буџетската Програма за рамномерен регионален развој и одлуките ќе бидат доставени до Владата на усвојување со што ќе се овозможи финансирање на 47 проекти во вкупна вредност од приближно 116 милиони денари.

Како што се истакнува во соопштението од Министерството, проектите што ќе бидат поддржани се насочени кон развојот на планските региони, подрачјата со специфични развојни потреби, селата и урбаните подрачја, бидејќи оваа програма претставува клучен инструмент за обезбедување рамномерен развој во целата држава, а средствата се распределуваат според степенот на развиеност на регионите, при што најголема поддршка добиваат регионите со најнизок степен на развој.

-Оваа програма е од исклучително значење за нашата држава. Соодветната распределба на финансиските средства ќе придонесе за зајакнување на локалните заедници, унапредување на инфраструктурата и создавање подобри услови за живот на граѓаните, истакна министерот Перински по седницата на Советот, кој практично е координативно тело меѓу надлежните министерства што имаат буџетски програми со влијание на регионалниот развој, но обезбедува и координација со Советите за развој на планските региони, каде членуваат градоначалниците од соодветниот плански регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат две плавуши по улица и едната од нив наоѓа огледало. Го кренала таа огледалото гледа во него и вика:
- Еј, ја знам женскава од негде. Сум ја видела и порано.
Другата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1599.- Роден е шпанскиот сликар Диеро Родригес де...

1606.- Роден е францускиот писател Пјер Корнеј,...

1654.- Шведската кралица Кристина Аугуста која...