Герасимовски: За два месеци доделени 208 субвенции за велосипеди

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека за само два месеци доделени се нови 208 субвенции за купување велосипеди, со што вкупната бројка на дадени субвенции од 2022 година до денес достигна 584.



-Граѓаните сакаат да користат еколошки и економични средства за превоз. Со новите 208 субвенции за велосипеди за само два месеци, оваа мерка потврдува дека има голем интерес и реален ефект врз животната средина и мобилноста во Центар. Ги повикувам сите жители што сè уште не аплицирале, да го искористат отворениот повик и да поднесат барање. Заеднички можеме да придонесеме за поздрави навики, помал сообраќаен метеж и почист воздух, вели Герасимовски.

Субвенциите се однесуваат на 30% од цената на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, како и до 1.000 денари за дополнителна опрема (детски седишта и кациги). Повикот е отворен од 24 март и важи сè додека не се исцрпат средствата, според принципот „прв дојден, прв услужен“.

Сите жители на Општина Центар кои сакаат да аплицираат, треба да достават барање со потребната документација – копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка во оригинал. Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака бр. 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

За повеќе информации, граѓаните може да се јават на 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат официјалната веб-страница на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24738



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Секретарката влегува кај директорот во канцеларија:
Директоре, стигна факс.
Нека влезе!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...