Филипче: Последниот авторитарен лидер во Европа го фали нашиот премиер

Слушнавме како Орбан го фали Мицкоски, практично негова продолжена рака во овој дел на Балканот.

Последниот авторитарен лидер во Европа доживеавме да го фали нашиот премиер дека бил брана за бегалците.

Пазете каква иронија. Човекот којшто направи сè Унгарците да влезат во ЕУ, да ги користат сите бенефити, да бидат заштитени, сега ние сме брана за бегалците надвор од Европа“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со членовите на општинската организација Аеродром.

А вистината не е таква, Договорот за Фронтекс, кој што е потпишан, меѓу другото, и на македонски јазик, благодарение на нашите политики е „браната“, додаде Филипче.

“Договорот за Фронтекс, на чист македонски јазик во Европска Унија – без фусноти и без ѕвездички, е наша заслуга. Тоа е "браната" за мигрантите. Значи, повторно еден систем европски – од којшто нашата влада нè држи на страна“, потенцираше Филипче.

Претседаелот Филипче додаде дека власта со своите политики ја уназадува државата, а ВМРО-ДПМНЕ продолжи таму каде што застана Никола Груевски.

„Ситуацијата во државата никој не треба да ја објаснува – многу добро гледаме секој ден како владее ВМРО-ДПМНЕ. Продолжија таму каде што запре Никола Груевски. Сè е исто,“ истакна Филипче.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што вика плавуша кога ќе и дувнете во уво?
- Фала за идејата.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1594.- Во Венеција умре Јакопо Робусти...
1809.- Во Виена, умре Франц Јозеф Хајдн, прв...
1872.- Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е...
1942.- Чехословачките патриоти го убија водачот...