Четири училишта добиваат паметен систем за енергетско управување

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем.



-Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме и идните граѓани и идните професионалци. Преку вакви конкретни чекори, ја пренесуваме пораката дека секоја институција, па и секој поединец, има улога во одржливото управување со енергијата. Истовремено, со ваквите проекти ги учиме младите генерации на свесност, одговорност и рационално користење на енергијата – вредности коишто се суштински за иднината што ја градиме заедно., истакна министерката Сања Божиновска.

Станува збор за прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, почнувајќи од основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир), „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода) и „Лазо Ангеловски“ (Аеродром). Во овие училишта ќе биде инсталирана донација од Македонски Телеком – напредно решение за паметно мерење и управување со електричната енергија (Smart Energy Metering and Management – SEMM). Решението ќе им овозможи на училиштата да имаат подобар увид и контрола врз енергетските трошоци и ќе поттикне поодговорно користење на ресурсите.

Од училиштата го поздравија партнерството со министерството и ја истакнаа важноста на ваквите проекти за нивното секојдневно функционирање.



-Ова не е само техничко решение, туку алатка што ни помага како институции да бидеме поефикасни, поодговорни и да ја вклучиме енергетската свест во воспитно-образовниот процес“, порачаа директорите на четирите училишта во заедничка изјава.

Решението SEMM е целосно развиено од Македонски Телеком. Системот овозможува училиштата во реално време да следат како и колку трошат, со што полесно ќе се идентификуваат можностите за намалување на непотребната потрошувачка и за подобрување на енергетската ефикасност.

-Особено ми е драго што сме дел од овој проект за енергетска ефикасност, со донација на наше паметно решение во четири училишта во Скопје. Во ерата на поврзани технологии, нашата цел не е само да придонесеме за дигитализација, туку и за поздрава животна средина, во овој случај преку намалување на потрошувачката на електрична енергија. Соработката со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и училиштата е многу важна, затоа што само преку вакви партнерства се креираат долгорочни и темелни решенија, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

-Се надеваме дека сè повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во решенија коишто ќе им помогнат на овие институции полесно и поефикасно да се справуваат со потрошувачката и трошоците за електрична енергија., истакна Божиновска.

-Компаниите не треба да бидат само технолошки иновативни – од нив очекуваме и вистинска општествена одговорност. Денес, кога сите се соочуваме со енергетски предизвици, особено е важно приватниот сектор да вложува и да помага таму каде што е најпотребно – во јавните институции како училиштата и болниците.“, заклучи таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела плавуша по улица и паднала во шахта. Целата испоискршена погледнала нагоре и си рекла:
Среќа моја што шахтата е отворена, инаку којзнае како ќе излезев
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1220.- Роден е Александар Невски, новогородски...
1498.- Шпанскиот морепловец со италијанско...
1539.- Англискиот писател Кристофер Марло кој...
1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс,...