Истрага против 11 лица од кои седум полициски службеници

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, денеска под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршија претреси на 15 локации во Скопје, Штип и ГП Долно Блаце. Притоа, како што соопшти Јавното обвинителство, се приведени 11 лица, а две лица се недостапни на органите на прогонот.



-Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица од кои седум полициски службеници. За три лица постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, две лица сториле продолжено кривично дело Примање поткуп, додека на петмина им се става на товар дека сториле по едно кривично дело Давање поткуп, на едно лице дека ја злоупотребило својата службена положба и овластување и сторило кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и едно лице сторило кривично дело Фалсификување исправа, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Според содржината во диспозитивот на наредбата, како што велат од Јавното обвинителство, осомничените физички лица од месец јануари до месец април годинава во Штип, со искористување на своето претпоставено влијание врз осомничените полициски службеници од ГП Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои имале претходно воспоставени пријателски односи, во најмалку четири наврати овозможиле на најмалку пет странски државјани кои незаконски престојувале во РСМ непречено да го регулираат својот престој.

-Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во РСМ. Осомничените полициски службеници прифаќајќи го влијанието од посредниците, со намера да прибават за себе имотна корист, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и не ја извршиле својата службена должност. Имајќи предвид дека незаконскиот престој согласно одредбите од Законот за странци е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и Буџетот на РСМ, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите, оценил дека се исполнети условите и до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор за петмина осомничени, додека за осум лица предлог за определување мерки на претпазливост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се вика на прилепски песната "Свири ми брате цигане".
- "Свири ебати ѓупскио"!

* * *

Го покануваат Трпе на 30 години од матура.
- А бре луѓе, кај најдовте во сред...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
1813.- Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер,...
1819.- Парниот брод "Савана", изграден во...
1885.- Во Париз умре Виктор Иго, француски...
1918.- Германските воени авиони го бомбардираа...