
Грција можеби е најзадолжена држава во Европа, но на нејзина територија лежат најголеми резерви на златна руда на стариот континент.
Канадската компанија „Елдорадо“ е подготвена да инвестира над една милијарда американски долари за ископување на рудата и отворање на повеќе илјади работни места, пренесува Блумберг.
Се проценува дека Грција има резерви на злато над осум милиони унци, со вкупна вредност од околу 11 милијарди долари.
Тоа би ја претворило Грција, која е во криза, во најголем производител на злато во Европа, а до сега во тој сектор веќе се отворени 1.500 работни места.
Проблемот е во тоа што рудата е на различни места во некои случаи и до помалку од еден грам на еден тон земја, што бара големи ископувања.
Тешката механизација која беше доведена на среде прекрасните шуми предизвика мини војна со локалното население.
- Досега тука се работеше за ископување на најмногу 400.000 тони годишно. Сега тие зборуваат за 9,5 милиони тони годишно, што е нешто сосема друго, изјави противникот на ископувањата Јанис Делигловрас за порталот Сеебиз.
Стравувањата резултираа со отворен судир. Лани во февруари десетици луѓе ги запалија канцелариите и возилата на „Елдорадо“, со штета од неколку милиони долари.
Од тогаш неколку пати се враќаа, заканувајќи им се на работниците, па рудникот постојано беше под полициско обезбедување.
Телеграф - Белград