Deutsche Welle

ЕУ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГРЕКСИТ-СЦЕНАРИО!?

Ципрас: Грците дојдоа „до границите на издржливоста“

Грчкиот премиер во говорот во Европскиот парламент најави дека владата побарала помош од фондот ЕСМ. Комисијата на ЕУ симулирала во подробности грексит-сценарио. Транспортот во Грција пред колапс.



Грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот во Европскиот парламент повторно ја критикуваше политиката на европските партнери во однос на неговата земја. „Ве уверувам дека грчкиот народ се трудеше да се прилагоди на барањата, но сега дојдовме до границите на издржливоста“, рече Ципрас пред европратениците. Никаде програмите за штедење не беа толку долги и строги, колку во Грција, „мислам дека не е претерување кога велам дека мојата татковина во последните пет години стана тест-лабораторија за политика за штедење“, се пожали грчкиот премиер. Тој нагласи дека неопходните реформи во Грција морале да бидат спроведени, но во изминатите години не биле праведно распределни во општеството. Ципрас призна дека многу проблеми се од домашно потекло. Грција се наоѓа во криза оти во неа, според Ципрас, владееле корупција, непотизам и клиентелизам. Во тој контекст премиерот нагласи: Ние сме цврсто решени да не водиме конфронтација со Европа, туку со естаблишментот во нашата земја“.
 

Грција побара помош од ЕСМ

Во говорот Ципрас наведе дека владата поднесла барање за помош од постојаниот европски фонд за стабилност ЕСМ, од каде потврдија дека е стигнато такво барање. Со новата програма требало товарот да биде поправилно распределен, оти „работниците и пензионерите не можат да прифатат натамошни оптоварувања“. Досегашните програми, според него, биле наменети за спасување на банките, „но не стигнаа до народот“. Освен тоа, „со ниедна реформа не беше подобрена функционалната способност на државната машина“, оцени грчкиот премиер во настапот во Европскиот парламент.
Тој беше пречекан со овации од неговите приврзеници, но и со протести од противниците на политиката на Ципрас.

ЕУ се подготвува за грексит-сценарио, ЕЦБ за прекин на ЕЛА-кредитите

Партнерите од Еврозоната очекуваат од грчката влада најдоцна до утре предлози како би требало да изгледа евентуалната програма за помош од фондот ЕСМ. Досега, според германскиот канцелар Ангела Меркел, нема предуслови за почеток на преговори за таква програма за помош. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск уште синоќа категорично предупреди: „Дефинитивниот рок (за постигнување согласност меѓу Грција и доверителите - н.з.) истекува на крајот од оваа недела“. Институциите во Брисел веќе симулирале во детали грексит-сценарио, потврди и претседателот на Комисијата на ЕУ Жан-Клод Јункер, инаку голем поборник за останување на Грција во Еврозоната.

Ако нема перспектива за постигнување согласност со доверителите во должничкиот спор, Европската централна банка (ЕЦБ) би морала неодложно да ја прекине тековната помош за одржување на ликвидноста на грчките банки (ЕЛА-кредити, н.з.), предупреди денеска Кристијан Ноер, шеф на француската централна банка.
Грчкото министерство за финансии го демантира пишувањето на весникот „Катимерини“ дека владата планирала воведување паралелна валута за да може да ги исплати пензиите и платите на државните службеници. Весникот, повикувајќи се на неименувани информанти, пишува дека Грција подготвува издавање такви државни задолжници за крајот на јули, доколку до тогаш не биде постигната согласност со доверителите.

На Грција и’ претстои рецесија

Економски експерти предупредувааат дека на Грција и’ се заканува нова рецесија дури и во случај на договор со доверителите. БДП во Грција годинава ќе опадне за два, а догодина за 3,8 проценти, предвидува Штефан Билмаер од ДЦ-банката; ако дојде до грексит, тој пад годинава би бил 3, а догодина осум проценти. Ќе опадне готовноста за трошење кај претпријатијата и домаќинствата, а и потрошувачката на државата, која фактички е инсолвентна, ќе ја кочи целокупната побарувачка, оценува Билмаер, кој предвидува и натамошен пораст на стапката на невработеност, која сега изнесува 26 проценти и е највисока во ЕУ.

Наскоро можни проблеми во снабдувањето?

Инаку, контролата на протекот на капиталот во Грција се’ повеќе води кон слом на транспортот. Превозниците на можат да полнат гориво во камионите, оти сопствениците можат од банкарските сметки да повлечат само 60 евра дневно. Во странство веќе не ги прифаќаат грчките кредитни картички, а проблеми има и дома - испораки до грчките острови се можни само со плаќање во готово. На островите, според градоначалниците, наскоро може да дојде до проблеми во снабдувањето.

Грците не можат да купат ни авионски карти, освен со плаќање во готово или со картичка која не е издадена во Грција. Повеќе од 35 воздухопловни компании ги известија грчките туристички агенции дека веќе не прифаќаат нивни резервации. Меѓу нив сепак не е германската компанија Луфтханза и компаниите што и’ припаѓаат - тие и натаму прифаќаат кредитни картички издадени во Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...