Deutsche Welle

Белгија сноси дел од вината за тероризмот

Белгија беше опишана како „неуспешна држава“ и плодна почва за терористите по нападите во Париз. Поделената земја направи грешки, но тоа не е целата приказна, смета Барбара Везел.



Со месеци знаеме дека терористите живеат во Моленбек, како и во Андерлехт и Шарбек- бриселски предградија - и дека бомбашите и самоубиствените напаѓачи исто така се кријат во други белгиски градови.

Исто така се знае дека Белгијците имаат шест различни полициски власти кои не сакаат да соработуваат меѓусебе, дека анти-терористичките истражители имаат само 750 работни места на располагање, и дека 150 од тие места се слободни. Организацискиот хаос кој произлегува од поделбата на земјата меѓу Фландрија и Валонија исто така се добро документирани.

Тероризмот не може целосно да се спречи

Навистина, дел од некои од терористите можеа порано да бидат уапсенеи доколку имаше подобро следење, поефективна полициска работа и поголема соработка низ ЕУ. Можеби само целосниот надзор може да гарантира дека сите членови на таква широка и комплексна мрежа ќе бидат фатени. Но еден поглед кон Турција и Русија покажува дека и тој аргумент е без основа: терористиките напади се случуваат и во авторитарни држави со огромен безбедносен апарат, а не само во западните општества.

Само со подбив можат да се прифатат и коментарите на министерот на израелската тајна служба кој ги обвини Белгијците дека повеќе сакаат да јадат чоколада и да уживаат во животот отколку да се концентрираат на безбедноста. Неговата земја, вооружена до заби, токму е најдобра илустрација дека не можете да спречите поединци во извршување терористички напади. Полската премиерка исто така прави интелектуални вратоломии кога заклучува дека нејзината земја не може да преземе сириски бегалци поради страв од терористички напади. Мнозинството напаѓачи беа белгиски граѓани, деца чии татковци емигрирале во Европа пред децении. Терористите живеат меѓу нас, и така е со години.

Нема веќе толеранција за насилството

Одговорот не лежи во ламентирање над невработеноста на младите и социјалната подвоеност. Не е сиромаштијата таа кои ги мотивира напаѓачите да прават бомби- туку пораките полни омраза на насилната форма на анти-западниот Ислам. Тој се шири непречено низ Белгија со децении, почнувајќи од саудискиот Салафизам кој се проповеда низ белгиските џамии.



Во мнозински католичка Белгија, правилото беше дека муслиманите треба да се остават да прават што сакаат. Резултатот од тоа е што свештениците можат да ги шират своите пораки на омраза без надворешно мешање. Се изгради паралелно општество во кое омразата за слободните западните општества стана обединувачка порака, која ги собра на едно место сите оние кои и се спротивставуваат на државата. Токму таму, терористичките симпатизери ги криеја напаѓачите од очите на светот.

Борба против проповедниците на омразата

Мора да и се стави крај на лажната толеранција во Белгија, но и насекаде каде постојат големи муслимански заедници. Општеството повеќе не може да одбива да се справи со одредени аспекти на Исламот, и неговото практицирање мора одблизу да се набљудува. Политичката претпазливост досега го оневозможуваше тоа, но тука ќе мора да се започне. Таквите мерки диктираат контрола на џамиите, борба против радикализацијата во затворите и експресна кривична одговорност за секој борец на „Исламската држава“ кој се враќа од Сирија.

Тоа се тешки задачи, и во истовреме се и политички контроверзни. Но тие се единствената шанса за борба против ваков вид тероризам. „На Бога не му требаат убијци“, гласеше еден од коментарите во германскиот печат. Тоа е пораката која мирољубивите муслимани ја шират меѓу себе и тоа треба да биде главна точка на агендата на белгиската влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...