Продолжуваат препукувањата меѓу Москва и Лондон за случајот Скрипал

Русија не одговорила во зададениот рок на барањето на Велика Британија да објасни како нервен гас од руско производство со кој беа отруени некогашниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија стигнал во Англија.



Британската премиерка Тереза Меј ја обвини Русија дека стои зад нападот, а Лондон и даде рок на Москва до полноќ да објасни како нервниот гас од руско производство стигнал во Англија или во спротивно ќе се соочи со контрамерки.

Русија упати силен протест до британската амбасадорка во Москва Лора Бристоу, сметајќи дека обвинувањата од страна на Лондон се неосновани.

- Русија не е вмешана во инцидентот во Солсбери од 4 март. Истакнато е дека Москва нема да одговори на ултиматумот на Лондон додека Велика Британија не и достави на Русија примероци од материјата на која се повикуваат британските истражители, а Велика Британија не почне да се однесува во согласност со Конвенцијата за хемиско оружје, која предвидува заеднички истраги.

Ние сме подготвени да покренеме една, изјави првиот заменик на рускиот министер за надворешни работи В.Г. Титов.

Како што се наведува во соопштението, изјавите на Лондон нема да имаат смисла освен ако не се понудат примероци од материјата за која се зборува.

- Под овие околности веруваме дека инцидентот е само уште еден бескрупулозен обид на британските власти да ја дискредитираат Русија, а заканите со санкции нема да останат без одговор, стои во соопштението.

Скрипал (66) и неговата ќерка Јулија (33) беа најдени во бессознание на 4 март на клупа во англискиот град Солсбери и од тогаш се во болница во критична состојба. Полицаецот кој бил на лице место кога биле пронајдени Скрипал и ќерка му, сега е во свесна состојба и се очекува тој да се опорави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...