„Телеграф“: Еден од Русите осомничени во случајот Скрипал е разузнавачки офицер

Лондон, 27 септември 2018 (МИА) - Британскиот весник „Дејли Телеграф“ тврди дека еден од двајцата Руси обвинети за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика пританија е агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ.
Според весникот, човекот што допатувал во Велика Британија два дена пред труењето на Скрипал користејќи го името Руслан Боширов, всушност е Анатолиј Чепига, полковник на ГРУ.
Британското обвинителство ги посочи двајцата Руси кои допатувале во градот Солсбери во март под имињата Руслан Боширов и Александар Петров, како лицата кои донеле нервен отров новичок и го употребиле во обид да ги убијат таткото и ќерката Скрипал.
Двајцата осомничени во изјава за руска телевизија ги негираа тврдењата дека се тајни агенти и тврдеа дека нивното патување во Велика Британија било од туристички карактер.
По објавувањето на веста на „Телеграф“, британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон на Твитер напиша дека е откриен вистинскиот идентитет на едниот од Русите и дека се работи за руски офицер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска...
1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички...
1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој...
1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска,...