Меркел предлага создавање на „ротирачки“ Совет за безбедност на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за реорганизација на службата за надворешни работи на Европската унија и за создавање на „ротирачки Совет за безбедност на ЕУ“.

- Повикувам на воспоставување на Европски совет за безбедност со ротирачки членови, во кој ќе можеме брзо да дејствуваме, изјави Меркел во обраќање на собир посветен на ЕУ во баварскиот град Отобојерн.

Како што јави германскиот деловен весник „Ханделсблат“, целта на ваквиот предлог на Меркел е подобрување на капацитетот на ЕУ за дејствување во сферата на надворешната политика, со што би се обезбедила побрза и поефикасна реакција на Брисел.

Весникот наведува дека системот на ротација би подразбирал големите земји членки, како Германија и Франција, постојано да имаат свои претставници во евентуалниот Совет за безбедност на ЕУ, додека помалите држави од Унијата би се ротирале како негови членови по утврден редослед.

Според „Ханделсблат“, ова не е нова идеја, туку станува збор за решение кои и претходно беше предлагано, но беше отфрлено од помалите земји членки на ЕУ, кои го оценија како контроверзно.

Идејата на Меркел, следува откако неодамна претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предложи промена на правилата во ЕУ при носењето одлуки. Јункер предложи укинување на обврската за едногласно усвојување на одлуките ви ЕУ, туку наместо тоа решенијата да се носат со квалификувано мнозинство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...