Велика Британија ја легализираше марихуаната за медицински цели

Во Велика Британија од денеска е дозволено користење канабис во медицински цели, а пациентите ќе го добиваат на рецепт.



Во некои држави канабис се пропишува на пациенти кои боледуваат од тешки болести, како што се рак, АИДС, мултиплекс склероза, повредна на `рбетниот мозок и епилепсија. Во Велика Британија лекарите по првпат имаат можност на пациентите кои трпат силни болки да им пропишат производи кои содржат канабис.

Но, голем број Британци сметаат дека законот може и мора да се унапреди.

– Носењето на овој закон е одличен потег и драго ми е што гледам напредок. Меѓутоа, многу пациенти, на кои им е потребен канабис во медицински цели, ќе бидат испратени кај специјалисти кои во еден момент ќе бидат преплавени од барања. Владата треба да дозволи лекарите од општа пракса да пропишуваат канабис, изјави Кларк Френч од Сојузот на обединети пациенти.

Истовремено, дел од британската јавност изрази загриженост дека легализацијата на употребата на канабис во медицински цели ќе доведе до употреба на марихуана во рекреативни цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...