Британија: Злоставувале над 350 деца во домови речиси 50 години

Стотици деца биле злоупотребени во домови и згрижувачки семејства, според истрагата спроведена во округот Нотингемшир, јави Би-Би-Си.

Властите во Нотингем и округот Нотингемшир објавија дека е откриено дека децата доживеале физичко малтретирање и силување и дека имало над 350 пријави од 1960 година.

Независна комисија утврдила сексуализирано однесување на вработени во социјални служби и дека тоа било „толерирано или игнорирано“.

Во тој извештај се вели дека тоа е најголем број на пријави за сексуална злоупотреба во една истрага и дека се очекува бројот на случаи на злоупотреба да биде поголем. Независна истрага откри дека злоупотребата траела неколку децении и дека голем број на деца биле подложени на насилство заради недостаток на одговор од властите.

Откриено е дека немало „исцрпни истраги“ во врска со тврдењата дека дел од старателите го сториле делото и дека „локалните власти поверојатно ја преземале страната на вработените во домовите, не верувајќи во обвинувањата на децата“.

Членови на комисијата ги критикуваа вработените во домот Бичвуд во градот Маперлеј поради „закани кон децата и насилство“, а сексуализираното однесување кон децата е „толерирано или игнорирано, а злоставувачи напредувале во службата“. Во документарец на Би-Би-Си дел од децата во домот изјавиле дека злоставувањето се случувало речиси секојдневно.

Шеснаесет вработени во домови за деца се осудени за сексуална злоупотреба меѓу 1970 и 2019 година, како и десет згрижувачки родители кои сексуално злоупотребувале деца над кои имале старателство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...