Макрон: Иднината на Русија е врзана за Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, по средбата со рускиот колега Владимир Путин во тврдината Брегансон, порача дека е уверен дека иднината на Русија е врзана за Европа.



-Уверен сум дека иднината на Русија во целост е врзана за Европа. Веруваме во Европа која е раширена од Лисабон до Владивосток, наведе Макрон на Твитер.

Тој додаде дека со Путин разговарале за шумските пожари во Сибир и топењето на пермафростот во тој регион.

-Русија се соочува со разорувачки последици од климатските промени. Мило ми е што се одлучи да ја почне ратификацијата на Парискиот климатски договор, што е значаен симболичен потег и треба да го следиме тој пат, порача Макрон.

Руските медиуми додаваат дека лидерите на двете земји изразиле посветеност за воспоставување долгорочна стабилност во Либија и враќање на редот во земјата.

Околу ситуацијата во Сирија Макрон укажал на неопходноста од итен прекин на огнот во провинцијата Идлиб, во согласност со спогодбата постигната на состанокот во Сочи, на 17 септември 2018 година.

Средбата на двајцата претседатели, што се одржа синоќа, траеше повеќе од 2,5 часа, соопшти прес службата на рускиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...